еМагазин
Image default
Бизнис

„Европа“ ја зголеми добивката, но се соочува со проблеми поради корона вирусот

АД „Европа“ – Скопје за периодот 01.01-31.03.2020 година оствари добивка во износ од 9.420.498 денари и е поголема во однос на претходната година за 4,5%, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Во првиот квартал од 2020 година, АД „Европа“ – Скопје се соочи со проблем во справувањето со настанатата глобална ситуација со пандемија ковид-19. Особено, бевме затекнати со можноста за организирање на производниот процес заради намалениот број на вработени кои беа ослободени со уредба од Владата(родители на деца до 10 години,хронично болни и трудници).

Дополнителен проблем е полицискиот час воведен со вонредната состојба во државата,редуцираниот јавен превоз што предизвика скратени работни часови за производна смена.

Мерките на Владата и вонредната состојба влијае на намалување на капацитетот на производство имајќи во предвид дека бројот на оправдано отсутни достигна дури  18 % од вкупниот број директно вработени во производниот процес“, соопшти компанијата.

Оттаму додаваат дека заради глобалниот проблем бележат и намалени нарачки од одделни купувачи,што директно влијае на намалување на приходите и неможност за реализација на планираните таргети.

„Финансиската анализа од работењето за време на пандемија во првиот квартал од 2020, покажува дека најголемо негативно влијание има кај бруто платите и кај трошоците за хигиенско техничка заштита.

Овие потенцијални ефекти од моменталната ситуација очекуваме да бидат уште поголеми во идниот период и истите ќе генерираат негативен ефект врз финасискиот резултат, бидејќи со намален капацитет и со намлен број на нарачки од редовните купувачи,ќе се остварат помали оперативни приходи , а наспроти нив, оперативните расходи се очекува да бидат исти во континуитет“, соопшти компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Европа“ ќе ги награди членовите на Одборот на директори со 146.000 евра

„Европа“ ќе исплати дивиденда во бруто износ од 60 денари по акција

Добивката на група „Европа“ намалена за 21,5 отсто

Фото: Европа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Назиф Дестани сопственикот на „Еколог“ ги продал акциите во „Еуромакс“, која сака да отвори рудник во Иловица

Редакција

Шезан Рехман Кхан на местото на Горан Марковски во Надзорниот одбор на Силк Роуд банка

Редакција

„Еуролинк“ го доби тендерот на МВР за осигурување на воздухоплови вреден 1,4 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница