еМагазин
Image default
Бизнис

„Европа“ ја зголеми добивката за 100% во првите три месеци од годинава

Во периодот 01.01.-31.03.2021 година „Европа“ АД Скопје оствари вкупни бруто приходи на износ од 188.508.708 денари, што е зголемување за 3,4% во однос на  бруто приходите од 2020 година за истиот период, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Вкупните оперативни приходи за 01.01.-31.03.2021 година се зголемени за 8,1 % во однос на истите во 2020 година. Останатите приходи се намалени  за 26,6 %, а кај финансиските приходи зголемувањето е 828,4 % во однос на 2020 година.

АД „Европа“ Скопје за периодот 01.01.-31.03.2021 година оствари добивка во износ од 18.828.387 денари и е поголема во однос на претходната година за 100%.

Вкупните расходите се намалени за 2,5% во однос на минатата година. Оперативните расходи во периодот 01.01.-31.03.2021 година се намалени за 2,5 %, а финансиските расходи пак се намалени за 14,6 % во однос на 2020 година“, информираат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Промени во Одборот на директори на „Европа“

Фото: Европа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВВ „Тиквеш“ ги исплати лозарите и во услови на криза инвестираше 720.000 евра во нови лозови насади

Редакција

Мермерен Комбинат лани со намалена добивка

Редакција

Објавен повторениот повик за субвенции на евтини авиолинии

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница