еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Европа нема да може да најде замена за рускиот гас во следните пет години, оцени потпретседателот на руската влада Новак

Европа нема да може да најде замена за рускиот гас во следните 5 години, изјави потпретседателот на руската влада, Александар Новак во интервју за „Русија 1“.

– Проценете сами: што се однесува до гасната индустрија, ние испорачуваме околу 200 милијарди кубни метри гас, додека Европа троши 500 милијарди кубни метри – речиси 60 отсто од извозот. Дефинитивно нема што да го замени за 1 или за 3 или 5 години, рече Новак.

Тој додаде дека „се е можно во овој живот, но целосното отфрлање на руската енергија од Европа е еден вид апокалиптично сценарио“.

Ви меѓувреме земјите увознички на енергенси од Руија не знаат како ќе изгледа плаќањето на набавките во рубљи.

Јапонскиот министерот за финансии Шуничи Сузуки изјави дека сè уште не е сигурно како Русија ќе го спроведе своето барање за плаѓање во рубљи за нејзината енергија продадена на „непријателските“ земји.

– Моментално ја истражуваме ситуацијата со релевантните министерства, бидејќи не разбираме точно која е намерата (на Русија) и како би го направила тоа, рече министерот Сузуки на парламентарната седница.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека ќе бара исплата во рубљи за продажба на гас на „непријателските“ земји, вклучително и Јапонија, по санкциите на Западот против неговата инвазија на Украина.

Сузуки рече дека владата внимателно ќе ги следи „нус појавите“ од нејзините санкции насочени кон Русија врз јапонската економија и финансиските пазари и ќе преземе соодветни чекори во координација со Г7 и меѓународната заедница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Барањето на Путин гасот да се плаќа во рубљи, значи раскинување на договорот, оцени германскиот министер за економија Хабек

Путин најави дека „непријателските земји“, меѓу кои е и Македонија, ќе плаќаат во рубљи за рускиот гас

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имаме ограничен буџет наспроти бројот на пациенти кој се зголемува, рече директорката на Онкологија пред Анкетната комисија

Редакција

Законски измени: Наместо породилно, ќе има мајчинско, татковско и родителско отсуство

Редакција

Проф. Трајковски: Ако продолжи морталитет од 1 починат на милион жители дневно, ковидот годинава би бил околу деветтото место како причинител за смрт

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница