еМагазин
Бизнис

Европа со намалена добивка

Во периодот 01.01- 30.06.2021 година Европа АД Скопје оствари вкупни бруто приходи во износ од 390.466.673 денари и истите се намалени за 0,5% во однос на бруто приходите од 2020 година за истиот период, информира компанијата преку Македонската берза.

“Вкупните оперативни приходи за период 01.01- 30.06.2021 година се зголемени за 2,6% во однос на истите во 2020 година. Приходите од  домашен пазар се зголемени за 3,6% во однос на минатата година, додека пак приходите од странски пазар се зголемени за 1,2% во 2021 година во однос на 2020 година.

Останатите приходи се намалени за 44,8%, а финансиските приходи се зголемени за 51,4 % во однос на 2020 година.

Европа за периодот 01.01- 30.06.2021 година оствари добивка во износ од 38.432.970 денари и е помала во однос на претходната година за 10,1%.

Вкупните расходите се зголемени за 0,8% во однос на минатата година. Оперативните расходи во периодот 01.01- 30.06.2021 година се зголемени за 0,9%, а финансиските расходи пак се намалени за 24,2% во однос на 2020 година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Европа“ ја зголеми добивката за 100% во првите три месеци од годинава

Промени во Одборот на директори на „Европа“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синдикатот бара Ковид-19 да се признае како професионално заболување за сите работници

Редакција

Во април раст на депозите за 9,3%, а на кредитите за 6,8%

Редакција

Развојна банка: 15 милиони евра во гаранции кон банките и штедилниците, со цел поддршка на кредитирањето на микро, мали и средни фирми

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница