еМагазин
Бизнис

Европа со зголемена добивка во првите три месеци

Европа АД Скопје за периодот 01.01-31.03.2022 година оствари добивка во износ од 19.811.079 денари и истата е поголема во однос на претходната година за 5,2%, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Вкупните расходи се зголемени за 9,4% во однос на минатата година. Оперативните расходи во периодот 01.01-31.03.2022 година се зголемени за 9,4%, а финансиските расходи пак се намалени за 7,7 % во однос на 2021 година.

Во перодот 01.01-31.03.2022 година остварени се вкупни бруто приходи во износ од 205.342.780 денари и истите се зголемени за 8,9% во однос на бруто приходите од 2021 година за истиот период.

Вкупните оперативни приходи за 01.01-31.03.2022 година се зголемени за 13,3% во однос на истите во 2021 година. Останатите приходи се зголемени за 17,6%, а кај финансиските приходи намалувањето е за 92,9% во однос на 2021 година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На членовите на Одборот на директори на Европа лани исплатени 2,4 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје ќе потроши 32.500 евра на ручеци и вечери во познати скопски ресторани

Редакција

Министерството за надворешни работи вработува 14 лица, плата до 17.734 денари

Редакција

Фабрика Карпош лани работела со добивка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница