еМагазин
БЕНЧМАРК

Европратеничката Фајон: Бугарското вето за Македонија е неодговорно

На дебатата за извештаите за земјите од Западен Балкан, европратеничката Тања Фајон оцени дека бугарското вето за преговорите со Северна Македонија е неодговорно.

Таа порача дека едностраното делување нема ништо заедничко со критериумите за членство во ЕУ.

-Бугарија треба да ги повлече своето вето, затоа што кризата што ќе ја предизвика бугарското вето ќе го загрози процесот на проширувањето за другите земји од регионот, рече таа.

Пред неа бугарскиот пратеник Андреј Ковачев изјави дека во Северна Македонија се нарушува слободата на изразување на Македонците со бугарско потекло и дека бугарската заедница во Северна Македонија била мнозинство пред да дојде Тито на власт.

Тој го посочи случајот со пејачот избран за Евровизија како доказ дека Бугарите во Северна Македонија се мета на постојани напади.

Европратеникот Ангел Џамбаски од своја страна ја спореди Северна Македонија со Северна Кореја поради тоа што Бугарите, како што рече. не смееле да се декларираат како такви на претстојниот попис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еврокомесарот за проширување Вархеји: Се надевам на одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија до јули

Дебата во Европарламентот за Македонија и регионот: Една од главните точки е спорот со Бугарија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема основа за промена на бугарската позиција за Македонија, порача потпретседателката Јотова пред Самитот во Словенија

Редакција

Италијанскиот премиер Драги повика на итен почеток на преговори со Македонија и Албанија

Редакција

Анализа на Ал Џезира Балкан: Зошто Брисел стравува од балканизација на Европа?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница