еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Европската комисија покренува инвестициски пакет во вредност од 2,1 милијарди евра за Западен Балкан

Европската комисија денеска го промовираше новиот финансиски пакет за поддршка на 14 водечки инвестициски проекти во областа на транспортот, енергијата, животната средина, човечкиот капитал и поддршката на приватниот сектор во Западен Балкан, во вредност од 2,1 милијарди евра.

Како што се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Европската комисија, тоа е петти инвестициски пакет во рамки на Економскиот и инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан.

Проектите се подготвени во тесна соработка со партнерите од Западен Балкан и меѓународните финансиски институции со цел да се забрза европската перспектива на регионот.

„Со овој нов инвестициски пакет испраќаме гласна и јасна порака до нашите партнери од Западен Балкан: нивната иднина е во ЕУ и ние правиме постојан напредок за да го затвориме јазот во економскиот развој.

Овие проекти подобро ќе го поврзат регионот одвнатре и со ЕУ, ќе помогнат во декарбонизацијата на нивните економии и ќе ја поддржат конкурентноста на приватниот сектор во регионот.

Сега, ги повикувам нашите партнери од Западен Балкан и меѓународните финансиски институции да ги реализираат овие проекти што е можно поскоро за граѓаните и бизнисите во регионот да можат да ги искористат придобивките од овие инвестиции,“ рече еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куршум од ловџиска пушка погоди штипјанец додека работел на нива

Редакција

До понеделник стабилно, од вторник врнежливо време

Редакција

Сопственикот на Нептун и почесен конзул на Косово, Папранику, го однел Груби во Косово, објави Телма

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница