еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Европската комисија препорача кандидатски статус за ЕУ за Украина и Молдавија

Европската комисија денеска препорача Европската унија да и додели кандидатски статус на Украина и на Молдавија, додека од Грузија ќе биде побарано да исполни одредени услови пред да го добие тој статус.

-Европската комисија предлага Украина да добие статус на кандидат за членство во ЕУ, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека тоа значи дека Украина спроведува реформи.

-Украина јасно ги покажа аспирациите и одлучноста на земјата да живее во согласност со европските вредности и стандарди, изјави таа во Брисел.

Таа наведе и дека Украина веќе применила околу 70 отсто од правилата на нормите и стандардите на ЕУ, но дека останува да се направи важна работа во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и олигарсите и основните права.

– Процесот се заснова на заслуги, така што процесот целосно зависи од Украина, нагласи Лајен.

За време на нејзината изјава, фон дер Лајен носеше бои на Украина – жолто сако врз сина кошула.

Препораката на Европската комисија ќе биде разгледана од лидерите на 27-те земји-членки на самитот во Брисел следната недела.

За започнување пристапни преговори со една земја потребна е согласност од сите земји-членки на ЕУ.

Некои земји од ЕУ, вклучувајќи ги Холандија и Данска, се противат повеќе земји да добијат статус на кандидати за членство, но барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски доби поддршка од Франција, Германија, Италија и Романија, чии лидери го посетија Киев.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради недоволна информираност и знаење, компаниите не излегуваат на Македонската берза

Редакција

Фондот за здравствено осигурување повторно одбил да го плати лекувањето на Лео во Виена

Редакција

Терористот од Чаир, Абдул Јашари, стана министер во Сирија, во Македонија се поврзува со масакарот кај Смилковско Езеро

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница