еМагазин
БЕНЧМАРК

Европски парламент: Тестирањето за Ковид-19 треба да биде бесплатно за луѓето што сакаат да патуваат

Европскиот парламент, ко-одлучувачката инситуција на ЕУ, ја усови својата преговарачка позиција за дигиталните зелени сертификати кои треба да овозможат повторно непречено патување во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Сега можат да започнат преговорите со другата одлучувачка институција на ЕУ – Советот.

Европарламентот е на став дека овие зелени сертификати треба да бидат универзално достапни и дека тестирањето за Ковид-19 треба да биде бесплатно за луѓето што сакаат да патуваат, и смета дека земјите членки не треба да воведуваат карантин за лицата што поседуваат ваков сертификат.

Парламентот исто така оцени дека овој документ треба да се нарекува „ЕУ Ковид-19 сертификат“ наместо Дигитален зелен сертификат како што предложи Европската комисија.

За европратениците кои ја усвоија преговарачката позиција со огромно мнозинство, важно е земјите членки да внимаваат на недискриминација на граѓаните, со тоа што ќе им обезбедат брзо и бесплатно тестирање на оние лица кои не се вакцинирани.

Преговорите со земјите членки треба сега да започнат и да завршат пред почетокот на летната сезона за да не се попречи туризмот во ЕУ.

МИА/Фото: Photo by Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ бара Македонија постепено да го намалува примарниот дефицит до ниво од пред кризата

Редакција

По предлогот на Макрон, од Европската комисија тврдат дека процесот на проширување на ЕУ засега продолжува како порано

Редакција

(Видео) Шолц од Софија: Македонија мора да ги исполни сите услови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница