еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Европскиот парламент побара истрага за еврокомесарот за проширување, Вархеји

Резолуцијата на Европскиот парламент за спроведување на надворешната и безбедносната политика на ЕУ, која беше усвоена во четвртокот на пленарна седница, содржи параграф со кој се повикува Европската комисија да започне „независна и непристрасна истрага“ за Оливер Вархеји, со цел да се утврди дали однесувањето на комесарот за проширување и соседска политика „го крши кодексот на однесување на членовите на Комисијата“.

Тој член од резолуцијата беше усвоен со 357 гласа „за“, од вкупно 632 пратеници кои гласаа.

Овој напис наведува дека „комесарот одговорен за соседска политика и проширување намерно се обидува да ја заобиколи и поткопа централната важност на демократските реформи и реформите на владеењето на правото на земјите што влегуваат во ЕУ“.

Написот стана дел од Резолуцијата на барање на холандскиот пратеник Тејс Рутен од групата на социјалисти и демократи.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цела деценија тендери за Универзалната сала: Пари во ветер, објектот пред распаѓање

Редакција

Предновогодишен концерт на Нокаут и DJ Александар Јорданов во петок на Боемска

Редакција

Состојбата на 73-годишниот Македонец во Србија не е последица на вакцината, вели директорот на Универзитетскиот клинички центар Зоран Перишиќ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница