еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

„Фајненшл Тајмс“: На Северна Македонија и е неопходен попис на населението

Најновата членка на НАТО, Северна Македонија, според некои статистичари, можеби загуби и до една четвртина од своето население, откако беше единствената земја што мирно се одвои од Југославија во 1991 година, наведува лондонскиот весник „Фајненшал Тајмс“ во текст под наслов „Северна Македонија се соочува со демографски предизвик“.

Весникот го цитира претседателот Стево Пендаровски, според кого, падот на населението е најголемиот предизвик за Балканот.

„Ако во првите децении (од распадот на Југославија) нашата најголема закана беа етничките тензии, во текот на последната деценија тоа е демографија: се поголем број луѓе заминуваат“, ја пренесува „Фејнешл Тајмс“ изјавата на шефот на државата.

Со пописот во 2002 година во земјата се регистирани речиси 2,1 милиони луѓе. Анализата на регистрите на родени и на починати, како и даночните и други бази на податоци, наведоа повеќе експерти на заклучок дека реалното население сега е близу до 1,6 милиони, наведува лондонскиот весник, пренесувајќи го ставот на Пендаровски дека „трендовите се прилично јасни и никој не предвидува дека падот на населенито ќе запре или ќе забави“.

„Фајненшл Тајмс“ потсетува дека пописот кој првично беше најавувано да се одржи оваа година беше одложен поради предвремените парламентрани избори, додавајќи дека владејачките социјалдемократи предлагаат тој да се организира во април следната година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стево Пендаровски ја објави кандидатурата за втор мандат за претседател на Македонија

Редакција

(Фото) Финансиерот на бугарските клубови дели пакети со храна со слика на Цар Борис Трети

Редакција

Бугарско МНР ја повикало амбасадорката Руси, заради изјавите на Пендаровски за малтретирањето на македонското малцинство во Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница