еМагазин
Image default
Локално

Фатено лице од Косово при извршување кражба од банкомат

Денеска во 04.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово од слобода го лишиле косовскиот државјанин А.М.(41), затоа што бил фатен при обид за извршување на тешка кражба од банкомат на една банка на ул.„11 Октомври“, информира МВР.

Во непосредна близина на местото било пронајдено патничко возило „фолксваген голф“, со косовски национални ознаки.

Во врска со случајот, а по телеграма од СВР Куманово, на Граничен премин „Јажинце“ бил задржан и Б.Х.(39) од Косово и ќе биде спроведен во СВР Куманово.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со метларка прегазил пешак на кружен тек во Скопје

Редакција

Нов човечки труп пронајден во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица

Редакција

Кривична за охриѓанец кој бил во „шопинг“ со туѓа картичка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница