еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Лекот „Фавира“ за лечење на Ковид-19 ќе биде достапен и кај нас: Да не се користи на своја рака, туку по препорака на лекар

Следејќи ја актуелната состојба со која се соочуваме настаната со Ковид 19, поткрепено со се почестите барањата на лекари кои се вклучени во третманот на оваа болест, за достапност на лекот,  Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност лекот на favipiravir за крајните корисници-пациентите, информираат од таму.

„Во таа насока, сакаме да укажеме дека пациентите ќе можат да го обезбедат лекот само врз основа на рецепт и по препорака на лекар. Лекот favipiravir не е одобрен за индикација на лечење на Ковид-19, па во таа насока апелираме и ги замолуваме пациентите да не го користат овој лек по сопствено убедување, без препорака од лекар .

Правилната и рационална употреба на сите лекови е во интерес на заштита на Вашето здравје. Затоа пред да земете лек, задолжително консултирајте се со Вашиот лекар кој најдобро ќе ве упати на начинот на користење и употребата на лекот,“ велат од Агенцијата.

Граѓаните до сега овој лек на своја рака го набавуваа од околните држави и неговата цена се движеше и до 100 евра од кутивче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На следното рочиште ќе сведочи и министерот Спасовски: Судењето за “Софтвери” продолжува на 1 ноември

Редакција

На Љупчо Палевски во Турција му е одреден привремен затвор од 40 дена

Редакција

Две лица од новопочинатите од коронавирусот со претходни заболувања, едно имало контакт со потврден случај

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница