еМагазин
Техно

„Фејсбук“ почна со блокада на вести и владини профили поради обврската да им плаќа на медиумите

Профилите на австралиското Биро за метеорологија, на државни здравствени установи, на лидер на опозиција од Западна Австралија, на хуманитарни и други организации, се помеѓу блокираните по забраната на Фејсбук да објавува вести на таа социјална мрежа во Австралија, објави британскиот весник Гардијан.

Социјалната мрежа дури блокираше и свои профили.

Фејсбук денеска почна со блокирање на објавување вести од австралиски страници за вести, а исто така не им дозволува на австралиските корисници да споделуваат или прегледуваат содржини на австралиски и меѓународни медиуми.

Технолошкиот гигант соопшти дека ја донел одлуката како одговор на новиот дигитален кодекс што се очекува да го донесе американскиот Сенат. Кодексот ги принудува Гугл и Фејсбук да склучуваат договори со медиумите и да плаќаат за содржините.

Додека забраната за Фејсбук требаше да биде насочена само кон медиумите, десетици профили на владини агенции, синдикати, организации и политичари исто така беа блокирани неколку часа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регионално истражување: Речиси половина од потрошувачите во Македонија го сметаат биометриското плаќање за побрзо и поедноставно отколку користење на лозинка

Редакција

Македонски Телеком го најави концептот Magenta дом, со решенија за најдобро домашно интернет искуство

Редакција

Ново европско истражување кое го открива позитивното влијание на телевизијата во денешното општество

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница