еМагазин
Забава

Фестивалот Охридско лето ќе ги плени љубителите на музиката со привлечни мелодии на Шопен, изведени од реномираната турска пијанистка Ѓулсин Онај

Реномираната турска пијанистка, Ѓулсин Онај, ќе биде дел од 61. издание на фестивалот Охридско лето со изведба на атрактивни мелодии на познатиот полски композитор Фредерик Шопен.

Концертот ќе се одржи во катедралната црква Св. Софија, со почеток во 21 часот, на 27 јули 2021.

Пијано почнала да учи да свири на тригодишна возраст, а првиот рецитал на Турското радио го имала на само шест години, Ѓулсин Онај е позната турска уметница, која успешно ја комбинира богатата култура и историја на Турција со меѓународни стандарди.

По завршувањето на образованието на Парискиот конзерваториум, каде што дипломирала на 16 години, Онај ја добива престижната награда „Premier Prix du Piano” што тој ја доделува, а последователно и многу други високи награди на бројни меѓународни музички натпревари.

Меѓународната кариера на Ѓулсин Онај опфаќа преку 80 земји во целиот свет. Таа имала концерти во најпознатите светски музички центри и настапувала со голем број диригенти, меѓу кои: Ерих Бергел, Михаил Бодер, Андреј Борејко, Јорг Фарбер, Владимир Федосејев и многу други.

Како исклучителен изведувач на дела на Шопен, во 2007 година, Ѓулсин Онај добива Државен медал од Република Полска.

Во родната Турција, таа има статус на државен уметник и е почесен доктор на Универзитетот Босфор од Истанбул и на Универзитетот Хачетепе од Анкара.

Покрај врвната музичка кариера, Онај е особено посветена на промовирањето добротворни цели, поради што Турскиот комитет на Фондот за деца при ОН (UNICEF) ја прогласи за „Амбасадор на добрата волја“ во 2003 година.

Вечерашниот настап на Ѓулсин Онај е поддржан од „Лимак Скопје“, која е подружница на турската компанија „Лимак холдинг“ во земјава. „Лимак Скопје“ втора година по ред го поддржува фестивалот Охридско лето, една од најпрестижните културни манифестации во земјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Каролина на одмор во Турција

Редакција

Одложен фестивалот „Мозаик“ поради препораките за ограничување на масовни јавни собири

Редакција

„Зимска бајка“, спектакл за сите што веруваат во чуда

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница