еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

ФФМ од УЕФА побара најстрога казна за австрискиот фудбалер Арнаутовиќ поради навредата на Алиоски

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека од УЕФА побарала најостра казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, кој на терен по постигнат гол на натпреварот против Македонија, упати навреди кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

“Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на натпреварот со Македонија упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

Истовремено ве информираме дека поднесовме официјален допис до УЕФА во кој бараме најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Австрискиот фудбалер Арнаутовиќ по навредливите зборови кон Алиоски се извини и на македонски и на албански

Како “Куќа на фудбалот” секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади, кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме.

Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат“, информираа од ФФМ.

Фото: ФФМ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови правила за членство на Македонската берза

Редакција

15. јубилеј на „Виз Ер Скопски маратон“ со рекорд од над 12.000 пријавени од 58 држави

Редакција

Детали за инцидентот на границата: Приведени тројцата Бугари кои ги навредуваа македонските полицајци на Деве Баир

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница