еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Ќе има целосна мобилизација на здравствените работници и капацитети

Во периодот кој претстои ги зајакнуваме сите здравствени капацитети во земјава. Правиме целосна мобилизација на здравствените работници од јавното здравство, кои ќе бидат вклучени во лекувањето на пациентите со коронавирусот, а исто така ќе им бидат помош и на колегите во инфективните одделенија, истакна министерот за здравство Венко Филипче по денешните работни состаноци со директорите од Универзитетските клиники, Клиничките и општите болници ширум државата, како и со главните медицинските сестри од Клиниките во Скопје.

Тој нагласи дека подготвуваат дополнителни капацитети со цел подобро справување со овој непредвидлив вирус во зимскиот период, посочувајќи дека во очекување се да пристигнат и брзите тестови во помош при детекција на присуство на ковид вирусот при хоспитализација на пациентите.

„На состаноците беше договорено сите директори да направат дополнителна реорганизација на просторот со цел обезбедување на дополнителни капацитети во интерните одделенија, како и оптимизација на медицинскиот кадар од Клиниките во Скопје кој ќе биде активиран за дополнителна помош во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде се третираат пациенти од Ковид-19“, информираа од Министерството за здравство.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Задолжителен карантин за патниците од Велика Британија со потпишување изјава

Редакција

Камерите на „Безбеден град“ ќе снимаат од догодина, прво опомени, па казни

Редакција

Граѓаните масовно да се вакцинираат за да се спречи ширењето на делта сојот и нов бран, апелираат од Министерство за здравство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница