еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Ги следиме забелешките за вакцината на „АстраЗенека“

Здравствените власти будно ги следат забелешките на другите земји за вакцината на „АстраЗенека“, која државава треба да ја добие преку Ковакс механизмот, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

– Внимателно ги следиме забелешките од другите земји. Будно следиме, препораките од самите производители и одлуките во одредени земји. Врз основа на тоа ги градиме нашите препораки, нагласи Филипче при гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија „Телма“.

Тој додаде дека лично нема проблем да се вакцинира со која било вакцина, бидејќи како што нагласи сите се безбедни.

– Немам проблем да се вакцинирам со која било вакцина. Сите вакцини се безбедни. Лично немам проблем да се вакцинирам и со вакцината на „АстраЗенека“, изјави Филипче.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најчестите симптоми кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција

624 казни за неносење маска

Редакција

Инаугурацијата на новиот претседател Пендаровски на 12 мај

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница