еМагазин
Image default
Македонија

Потрошувачката е зголемена, но нема недостиг од лекови, велат од Министерството за здравство

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со директорите на интерните клиники и разговараа за третманот на болните, моменталната состојба со капацитетите на ковид центрите и ротациите со персонал.

„На состанокот се разгледуваше состојбата за достапност на болничка терапија за ковид пацинетите кои се хоспитализирани. И покрај зголемената побарувачка на одреден број на лекови, доставата на терапиите оди тековно и нема застој.

За некои лекови кои се користат во болниците, потрошувачката е тројно зголемена во однос на истиот период лани, но потребните колични се испорачуваат и нема недостиг од лекови.

Во моментов има доволно слободни места на интерните клиники, а Министерството за здравство, ја следи состојбата со бројот и приемот на пациенти и доколку се јави потреба ќе се отворат дополнителни капацитети за згрижување ковид пациенти.

Во однос на кадарот ќе бидат испратени дополнителен борј лекари во сите ковид центри на интерните клиники,“ информираат од Министерство за здравство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на Основниот суд во Куманово 

Редакција

Спасовски: Доколку има нови моменти во истрагата за атентатот врз Глигоров веднаш ќе се споделат со јавноста

Редакција

Муцунски очекува стратешка одлука за Македонија, ЕУ чека уставни промени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница