еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Славењето може да почека, здравјето не

Состојбата со коронавирусот е стабилна, но и натаму е многу критична со оглед на бројот на заболени и хоспитализирани. Слободни кревети има во континуитет, а факторот на преносливост е под еден. Но, тоа не треба да не опушти и не смееме да си дозволиме еден поинаков пристап да доведе до влошување на ситуацијата, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со премиерот Зоран Заев порачаа годинава одговорно да се празнува.

На заедничката прес-конференција на која ја промовираа кампањата „Празнувај одговорно“, министерот Филипче соопшти дека во просек минатата недела се лекувале 1.300-1.400 пациенти и оти бројот на слободни болнички кревети е константен и има околу 150 на ниво на држава секој ден.

Со цел да не ескалира состојбата, новите мерки на Комисијата за заразни болести се ограничување на работата на угостителските објекти до 18 часот, забрана за организирање новогодишни настани на плоштадите, забрана за организирање предновогодишни прослави од страна на компаниите, укажување на верските заедници да не повикуваат на масовни собири за време на престојните верски празници.

Останува и препораката да нема собири дома и во викендичките и се апелира до граѓаните да го ограничат движењето по 18 часот доколку немаат неодложна потреба.

– Ова е еден сериозен сегмент кој останува на свеста на граѓаните. За жал, нема друг механизам и не може да следи забрана тука, бидејќи интегритетот на домот е загарантиран со Уставот.

Потребно е сите заедно да бидеме одговорни за важноста на овие мерки и да не дозволиме убавите мигови во семејството да се претворат во лоши спомени. Овој празничен период да прославиме одговорно, да ги почитуваме мерките и да мислиме на своето и на здравјето на нашите најблиски. Славењето може да почека, здравјето не, порача Филипче.

На денешната прес-конференција тој информираше дека во фаза на поставување се и модуларните болници. Во Гевгелија веќе е завршена инсталацијата, а следува поставувањето во Штип, Битола и Струга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата одлучи: Се забрануваат новогодишни прослави, угостителските објекти ќе работат до 18 часот

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата формира оперативен тим за борба против криминалот и корупцијата

Редакција

Пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога вредна околу 250 илјади евра

Редакција

Македонските власти не им дозволија на бугарски граѓани да му одадат почит на Гоце Делчев, реагираат од бугарското МНР

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница