Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека првата трансплантација на срце во Македонија е успешна и додаде дека ова е огромен успех за македонското здравство.
Опреацијата ја изведоа тим на хирурзи под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), Жан Митрев (Клиника Жан Митрев) и Александар Николиќ (Клиника Систина) и Маја Мојсова анестезиолог (КАРИЛ).
Трансплантацијата беше извршена од почината пациентка, чие семејство се согласи да го донира срцето на пациент, кој веќе подолго време чекал донор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од донорот на срцето, ќе се трансплантираат и два бубрега на Клиниката за урологија
Фото: МЗ