еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Фингирал киднапирање за да изнуди 10.000 евра од својот татко

На 15.01.2021 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово го лишија од слобода М.П.(29) од с.Будинарци, беровско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „изнуда“, информира МВР.

Тој во текот на вчерашниот ден самоволно измислил и фингирал сопствено наводно грабнување, за кое изјавил дека го сторил од финансиски причини.

„Имено, неговиот татко Д.П.(57) вчера околу 18.00 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово пријавил дека добил смс-порака од телефонот на неговиот син, со која се барало изнуда од 10.000 евра за да биде пуштен неговиот син.

Според пријавеното, порака со слична содржина на апликацијата „месинџер“ добила и неговата снаа М.П.

Во координација со Јавен обвинител и во соработка со полициски службеници од СВР Штип биле преземени мерки и активности, а на разговор биле повикани Љ.П., брат на пријавениот и М.П., сопруга на пријавениот, чиј мобилен телефон со потврда бил привремено одземен.

Малку подоцна Д.П. пријавил дека откако ги оставил парите на наведената локација, М.П. се вратил дома, по што и тој бил повикан на разговор во просториите на ОВР Берово, при што го признал делото, а предметните парични средства биле пронајдени и вратени на неговиот татко“, соопшти МВР.

По целосно комплетирање и документирање на настанот, до Основното јавно обвинителство Кочани ќе биде изготвен и доставен поднесок по чл.258 од Кривичниот законик – „изнуда“.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на Државна лотарија за набавка на возила вреден 36.000 евра

Редакција

Прекината свадба со 300 гости во струмичко, кривична за три лица

Редакција

Финска и Шведска најверојатно летово ќе му се приклучат на НАТО, објави Тајмс

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница