еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Физиотерапевтите на Клиниката „Жан Митрев“ достапни за виртуелни консултации

Нашите физиотерапевти од сега достапни и за виртуелни консултации. Во време на пандемија со коронавирус, а со цел да се заштитите себеси и другите околу Вас, закажете виртуелна консултација со нашиот тим физиотерапевти кои имаат долгогодишно клиничко искуство од постоперативната рехабилитација и можат да ви помогнат со насоки за соодветна домаша рехабилитација, соопшти Клиниката „Жан Митрев“.

Оттаму додаваат дека нивниот тим е достапен за различни видови консултација:

„Доколку сакате да воведете нови вежби со кои ќе ја подобрите вашата физичка кондиција после операција на срцето.

Имате потешкотии во изведувањето на респираторните вежби кои ви се препорачани за периодот на домашна кардио рехабилитација.

Тука сме и ако имате потреба од повеќе информации – нејаснотии околу начинот на правилно користење на ортопедски помагала.

Доколку имате потреба од советување за правилно изведување, спроведување или интензитет на вежбање во домашни услови.

Консултирајте не доколу имате вграден вештачки колк или колено и потребни ви се совети за правилно зголемување на мобилноста и враќање кон нормалните дневни активности.

Ако спроведувате физиотерапија, а немате подобрување на состојбата или имате појава на несакани ефекти.

Доколку сте позитивен на Ковид-19 и имате потреба од совети за подобрување на вашата физичка кондиција“, информираат од Клиниката.

Консултацијата со физиотерапевт можете да ја закажете преку zmc.tiktak.mk.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ за ноември ќе набави природен гас од „Макпетрол“

Редакција

Лавина реакции: Осуда на сите кои даваат политичка конотација на трагедијата кај Карпалак

Редакција

По новогодишната ноќ 29 пациенти на Токсикологија во Скопје, најмладиот пациен имал 14 години

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница