еМагазин
Image default
Македонија

По Османи, Фон дер Лајен се сретна и со Пендаровски

Актуелните политички состојби во земјава и процесите поврзани со европските интеграции беа тема на разговор на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во посета на Скопје.

Како што информира Кабинетот на претседателот Пендаровски, претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лајен потврдила дека со првата меѓувладина конференција којашто треба да се одржи набрзо, доколку биде прифатен предлогот за преговарачката рамка, започнуваат конкретните преговори и веднаш започнува скрининг процесот.

-Исто така, со започнувањето на пристапните преговори со ЕУ, најбрзо што е можно ќе се пристапи кон потпишување на билатерални договори меѓу С Македонија и Европската Унија, на македонски јазик и на останатите службени јазици на Унијата, се вели во соопштението.

Претседателот Пендаровски го реафирмирал ставот дека прифаќањето на францускиот предлог ќе овозможи деблокада на евроинтеграциите и отворање на првата фаза од пристапните преговори, што ќе претставува позитивен импулс за реформскиот процес и напредок на Македонија.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски потенцираше дека македонскиот јазик и идентитет мора да бидат почитувани и гарантирани од страна на Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен ќе се сретне со „северномакедонскиот“ претседател, но не и со македонскиот

Османи во Скопје се сретна со Фон дер Лајен

Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Завршни зборови за Јанкулоска во „Тенк“, нови рочишта за „Тотал“, „Тортура“ и „Тарифа“

Редакција

Гоце Делчев и учебниците по историја тема на новата дводневна средба на македонско-бугарската Историска комисија

Редакција

Во куферот на Палевски со кој влезе во Шутка имало евра, лири и телевизор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница