еМагазин
Image default
Локално

(Фото) 22-годишнo момче се преврте со возилото на кров, откако изгубило контрола на кружен тек во центарот на Тетово

Дваесет и двегодишно момче е повредено откако со возило се преврте во центарот на Тетово денеска околу 14 часот и 45 минути. 

Тој се движел по булеварот „Илинденска“ и се превртел пред кружниот тек кај плоштадот.

-Околу 14 часот и 45 минути движејќи се со патничкото моторно возило „опел корса“ со тетовски регистерски таблички кое го управувал 22-годишниот С.Р, изгубил контрола, излетал од коловозна лента и се превртел на покривот од возилото. 

Возачот кој бил сам во возилото, добил повреди и бил однесен во Клиничка болница – Тетово за укажување на лекарска помош, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Екипи на СВР Тетово вршат увид на местото на незгодатa.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова несреќа во Струмица: Сопружници загинаа во тешка сообраќајка

Редакција

(Фото) Дождот урна потпорен ѕид во скопска Пинтија

Редакција

Си пазарел на интернет со туѓа картичка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница