еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Џафери и новинарите ѝ посакаа на Мира Костиќ мирни пензинерски денови

Доајенот на македонското радио-новинарство Мира Костиќ на новогодишната прослава кај собранискиот спикер Талат Џафери, се збогуваше со нејзината тридецениска професионална кариера известувач од Собранието.

Џафери пред неполн месец и врачи Признание за нејзината долгогодишна работа, синоќа пак, и подари врамена фотографија.

Костиќ истакна дека ваква чест не и била укажана од ниту еден од собраниските спикери и се заблагодари на тридецениската соработка. На пратениците им порача да работат за интересите на народот и им посака уште поуспешна година.

Новинарката Костиќ беше испочитувана и од нејзините колеги. Таа на 27 декември полни 67 години и оди во пензија. Целиот свој тридецениски стаж го помина како собраниски известувач. Синоќа, веројатно ја зема и последната изјава од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Костиќ е добитник и на наградата „Мито Хаџивасилев Јасмин“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ман импортер Македонија“ го доби тендерот на „Национални шуми“ за набавка на камиони вреден 685.000 евра

Редакција

Голем пад на индустриското производство во јуни

Редакција

Каков имот пријавил Андреј Жерновски, кој е отповикан од амбасадор во Романија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница