еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) „Алкалоид“ со втора масовна крводарителска акција годинава

Под мотото „Дарувај крв, спаси живот“, во Центарот за едукација и за обуки на „Алкалоид“, во соработка со „Црвен крст“ и со Институтот за трансфузиона медицина се одржа нова крводарителска акција за вработените во компанијата, информираат од компанијата.

Во насока на продолжување на петдецениската традиција на организирање крводарителски акции, 150 пријавени алкалоидовци изразија волја за крводарување.

Меѓу вработените кои денеска даруваат крв има и вистински рекордери со повеќе од 30 дарувања, но многубројни се и вработените од помладата генерација кои за првпат даруваат крв, што е за посебно поздравување.

Kрводарителските акции, како дел од повеќето корпоративни активности за општествена одговорност на „Алкалоид“, имаат огромна важност токму поради чинот на хуманост и човечка солидарност. Со акцијата спроведена во јуни, во чест на Денот на крводарителите и денешната, во компанијата дарувани се вкупно 290 единици крв. Едно крводарување може да спаси 3 до 4 човечки животи, велат од таму.

Афирмацијата на доброволното крводарителство и изразувањето благодарност спрема големиот број алкалоидови крводарители се едни од главните цели на Друштвото на крводарители, кое активно фунционира во рамките на компанијата повеќе од 50 години, посочуваат од компанијата.

Крводарител може да биде секое лице со добра општа здравствена состојба на возраст од 18 до 65 години. Според критериумите за крводарување, мажите може да даруваат крв на секои 3, а жените на секои 4 месеци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рикер и порача на опозицијата дека „времето за игри е поминато“ и за доброто на земјата да биде конструктивна

Редакција

До Комисијата за спречување и заштита од дискриминација лани поденесени 248 претставки

Редакција

Починаа уште 11 лица од Ковид-19, вкупно 3.137

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница