еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Анкета на ИРИ: На судството целосно му веруваат само 4% од граѓаните, најголема доверба имаат банките

Судството во Македонија повеќе нема целосна доверба ни од 8%, покажува новата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Македонија.

За една година довербата во него е намалена за 50% и сега изнесува само 4%.

Јавното обвинителство има целосна доверба од само 3%, Парламентот и политичките партии од 4%, невладините од 5%, Владата 7%…

Највисока доверба граѓаните имаат во банките, 13%.

Анкетата е спроведена во име на  Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на Тејлор Нелсон Софрес и Галуп Интернешнл).

Податоците се собрани од 23 септември до 13 октомври, 2022, со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците.

Анкетиран е национално репрезентативен  примерокот од 1.207 испитаници на возраст од 18 години и повеќе.

Податоците се пондерирани според возраст, пол, регион, населеното место (урбано/рурално) и етничката припадност. Маргината на грешка е ± 2.8 поени на ниво на доверба од 95%. Стапката на одговор е 69 отсто.

Анкетата е направена со поддршка на Националниот фонд за демократија (НЕД).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кои министри имаат највисок рејтинг во анкетата на ИРИ

(Фото) Груевски има највисок рејтинг во анкетата на ИРИ

Анкета на ИРИ: Само 13% од граѓаните сметаат оти Македонија се движи во вистинска насока

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тајванската компанија „Јагео” влегува во Македонија со 205 милиони евра инвестиција, треба да отвори 4.000 работни места

Редакција

Од денеска за сите возила задолжителна зимска опрема

Редакција

(Фото) Министерката за култура Костадиновска Стојчевска, во елегантен фустан од кашмир и свила во Рим, дело на македонскиот дизајнер Папаз

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница