еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Апел до ЦУК: Гори еден од најубавите предели на Балканот помеѓу Горна и Долна Бабина дупка, над изворите на Бабуна

Планинарскиот дом Папрадиште со очајнички апел до Центарот за управување со кризи (ЦУК), како и до сите луѓе на позиици кои на било кој начин можат да помогнат.

„Гори еден од најубавите предели на Балканот. Реонот помеѓу Горна и Долна Бабина дупка под Солунска Глава над велелепните извори на Бабуна.

Она што со денови беше како што го нарекуваа надлежните „мал„ пожар на непристапен терен се прошири на пристапните рамници на Солунско поле и поради непредвидливоста на пожарот може да се прошири кон висококвалитетната борова и букова шума кон Долна Бабина дупка.

Неколку километри југозападно од ова место десеттина денови гори висококвалитетна борова шума во Поречието во близина на Белица, Македонски Брод. И двата пожари се оставени сами на себе,“ се вели во апелот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиника „Жан Митрев“: Закажување, тестирање и резултати за Ковид-19 во рок од 24 часа

Редакција

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Јолевски за изборот на Абази: Не сме вклучени во изборот, исклучени сме од секакво мислење

Редакција

(Видео) Силјановска Давкова ја „затресе саботна треска“ па заигра твист: Треба да се најде време и за себе

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница