Поранешниот министер за земјоделство, водостопанство и шумарство и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вчера правеше свадба.

Свадбата беше во скопскиот хотел Александар Палас, а на неа присуствуваа бројни функционери на владејачката СДСМ, како и лидерот на партијата Зоран Заев со сопругата Зорица.

Николовски и Андријана Јакимовска се долги години во врска, а венчавката ја направија лани во манастирот Јоаким Осоговски во Крива Паланка, од каде потекнуваат и двајцата.

Фото: Фејсбук/Николовски/Кирил Колемишевски/Ленче Николовска
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ. 


