еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО

(Галерија) Бигорското братство им одаде почит на Кирил и Методиј во Битуше: Велинченствена церемонија за светите браќа

Во присуство на поголем број верници, Бигорското братство, заедно со сестринството од Рајчица, во спомен на светите рамноапостоли Кирил и Методиј беше одржана литургија во Бигорскиот скит посветен на светите браќа во долнореканското село Битуше.

Игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, веднаш по читањето на Светото Евангелие одржа слово посветено на светите рамноапостолни Кирил и Методиј, просветителите на, како што рече, не малобројните словенски народи.

„Денес го славиме споменот на двајца величествени наставници на верата Божја среде словенските и многу други народи, празникот на двајца богопросветлени проповедници, Светите рамноапостолни Кирил и Методиј, коишто, имајќи го вдахновението на Духот Свети, успеале половина Европа и делови од Азија да ги приведат кон светлината Христова, кон животворното Словото Божјо. Задачата на овие двајца духовни мажи била невозможна, нивниот подвиг – неверојатен! Потребно било сосема да се вложат себеси, како жртва жива, во темелите на новата Црква, а тоа подразбирало што друго ако не доброволно распетие“, рече Архимандрит Партениј.

Бигорскиот скит, по инцијатива на анхимандрит Партениј, почна да се гради пред пет години, а се наоѓа во подножјето на планината Дешат, над селото Битуше.

По литургијата во дворот на скитот одекна писокот на зурлите и екот на тапаните на потомците на познатите „Мајовци“, по што во оро се фатија верниците, поранешни жители од селото и нивни потомци, како и верници од соседните села, од Дебар и други места од државава.

МИА/Фото: Бигорски манастир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најпознати цитати од Делчев: „Не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови“

Редакција

Претседателот на МАНУ, Коцарев: Македонската историја не треба да биде тема за политичко пазарење

Редакција

(Видео) Првомајска забава на мечките на Шар Планина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница