еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

(Фото) Цитати од Конески, Мисирков, Прличев, Рацин, Андреевски… испишани на Кале, Собрание, Самуилова твтрдина

Преку видео проекции на повеќе објекти во државата синоќа беа испишани цитати за македонскиот јазик, идентитет и култура во чест на одбележувањето на Денот на македонскиот јазик.

Испишани беа цитати од Блаже Конески, Крсте Петков Мисирков, Григор Прличев, Константин Миладинов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Ацо Караманов, Ацо Шопов, Видое Подгорец, Лазо Каровски, Влатко Стефановски, Тоше Проески и Весна Малинова.

Проекциите имаше на скопското Кале, Собранието, Самоилова тврдина во Охрид, Спомен домот „Блаже Конески“ – Небрегово, Офицерскиот дом во Битола, СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, Црква Св. Никола, Крушево, на Спомен-коструницата во Велес.

Проектот кој е во духот на слоганот на програмата за одбележување, „Пишувај на кирилица!“,  ги потенцира пораките од националната меморија, како: „Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина “, „Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право“, „Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“, „Тамо зората греит душата и с’нце светло зајдвит в гората“,„Кажете ѝ на мајка ми нека не жали оти сепак ние ќе победиме! “, „Кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата македонска држава“, „Со една надеж, за трошка љубов, за малку среќа, живееме“, како и „За овој свет, кој ни е единствен, и со детска насмевка треба да се бориме. За овој свет!“.

Фото: Министерство за култура

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Интерпелацијата за Џафери – школски пример кога етничкото е пред Уставот и законите

Редакција

На Скопскиот аеродром бидете 3 часа пред летот: ТАВ го надградува системот за багаж

Редакција

Детали за акцијата на МВР: Можна поврзаност на полицајци со криминалци, кокаин користеле банкари, адвокати, менаџери

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница