еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Дел од градската скривница во Струмица стана уметничка галерија

Заврши реализацијата на проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“, информираат од Општина Струмица.

“Пренамената се изврши на просторот под градскиот плоштад, изграден како дел од градската скривница, кој порано се користеше за регистрација на бракови, а потоа имаше и други намени.

Со тоа градот доби уште едно прекрасно место за сите љубители на уметноста и културата“, велат од Општината.

Вкупната корисна површина на пренаменетиот простор изнесува 319 метри квадратни, а има изложбен простор, депо за слики, дневно депо, канцеларија, бифе и простор за седење, санитарни јазли, а ќе биде и место и каде што ќе може да се организираат приеми, промоции и слични настани.

Вкупната вредност на проектот е 7.436.138 денари, средства обезбедени од општина Струмица и Министерството за култура.

Паралелно со овој проект се реализира и изградбата на настрешница на влезот во уметничката галерија, но таа се уште е во тек и се очекува да заврши во текот на месец март оваа година кога и официјално галеријата ќе биде пуштена во работа, велат од Општината.

Фото: Општина Струмица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Хасим Деари, секторскиот директор во М-НАВ, кој не е разрешен

Редакција

Овчар пронајден мртов во велешко

Редакција

73-годишен гостиварец се удави во Вардар, откако сам скокнал од мост

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница