еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Директорката на УЈП скенираше фискални сметки со нејзиниот татко, актерот Ѓокица Лукаревски

Голем број на јавни личности, градоначалници, функционери се вклучија во кампањата на Управата за јавни приходи (УЈП) за промоција на апликацијата „МојДДВ“ за скенирање на фискални сметки.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска објави фотографија од нејзе и нејзиниот татко, познатиот актер Ѓокица Лукаревски, како во опуштена домашна атмосфера, скенираат фискални сметки.

„Скенираме“, напиша кратко Лукаревска на „Фејсбук“.

Инаку, УЈП неодамна извести дека заврши првото тримесечје од реализацијата на мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ којашто се спроведува согласно Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица.

„Од воведувањето на мерката на 1.07.2019 до 30.09.2019 година регистрирани се 170.378 корисници на апликацијата МојДДВ, скенирани се 22.670.713 фискални сметки, остварен е промет од 11.423.978/620 денари, вкупен ДДВ 1.241.434.628 денари додека повратот на 15% од пресметаниот ДДВ изнесува 186.215.194 денари, односно 3.028.000 евра“, информираа од УЈП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„МојДДВ“: Скенирани повеќе од 22 милиони фискални сметки, повратот на ДДВ три милиони евра

(Галерија) Лукаревска: Правилно постапив што го послушав татко ми и не станав актерка

Фото: Фејсбук/Лукаревска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Ристовски: Секој втор пациент кој прележал Ковид-19 се жали на срцебиење, варијации на крвниот притисокот и недостиг на воздух

Редакција

(Видео) Дали знаеш каде да се обратиш доколку си жртва на родово-базирано насилство?

Редакција

Кого и што славиме: Божик – празник на Христовото раѓање

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница