еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Дури и над 4 часа се чека за подигање на документи во зградата на МТВ, нема ред, протоколите не се почитуваат

По дури и над четири часа чекаат некои граѓани за да ги подигнаат своите документи за лична идентификација на плус 40 степени, без никаков ред и без почитување на протоколите против Ковид-19, во неклиматизираните простории на Одделението за управни работи при Секторот за внатрешни работи – Скопје, во зградата на МТВ.

Граѓаните, меѓу кои и повозрасни лица, трудници и деца, доаѓаат уште во раните утрински часови, меѓутоа и тогаш има турканици, што траат се до завршувањето на работното време на ова Одделение.

Дел од граѓаните се жалат дека чекаат „залепени“ едни до други некој да излезе од затворената врата на Оделението и велат дека никој не им објаснува како треба да постапат за да ги подигнат документите.

Вратата се отвора на секои 20-тина минути до половина час и граѓаните се туркаат да го подадат ливчето на надлежното лице, без притоа да добијат објаснување уште колку ќе треба да чекаат за да го подигнат документот.

Некои се жалат дека платиле и над 4.000 денари за да добијат пасош по итна постапка, за на крај да се соочат со вакви нехумани услови.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски со подршка на територијалниот интегритет на Украина: Важно ми е какви се резервите со кои Македонија располага во услови на криза која надоаѓа

Редакција

Наке Георгиев и Антонета Димовска избрани за членови на Судскиот совет

Редакција

Запознајте ги новите антикорупционери: Баџанакот на Џафери, Нури Бајрами бил печалбар и новинар

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница