Два нови видови полжави се откриени во водите на изворите кај Св. Наум до Охридското Езеро, информираат на Фејсбук од Националниот парк Галичица.

Едниот е Ancylus naumiensis n. sp., мистериозен вид гастропод тесно поврзан со загадочниот „Ancylus sp. D“ на Албрехт и сор. (2006), претходно забележан во изворите кај Св. Наум и изворот Тушемишта во Албанија, информираат од таму.

Се појавил и сосема нов род – Ohridonaumia n. gen.
-Во рамките на овој род со гордост ја претставуваме Ohridonaumia trajanovski n. sp., извонреден вид за разлика од сите други, велат од таму.

Фото: Национален парк Галичица

