еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Еден од најстарите весници во Македонија, „Вечер“ го слави 60. роденден

Весникот „Вечер“ го слави својот 60. роденден.

Првиот број на „Вечер“ излегол на денешен ден во 1963 година, со што овој весник е втор најстар весник во Македонија, по весникот Нова Македонија.

Од своето основање до денеска има карактер на дневен магазин со нагласено почитување на кратки текстови, фотографии и хумористичен дел.

Директор е Бобан Богдановски Андрески, додека главен и одговорен уредник е Весна Миќиќ Божиновска.

„Шест децении неуморна работа на плејада новинари, ризница на историски факти, златна „архива“ на се она што не треба да се заборави!

Честа е моја да бидам на чело на “Вечер“ веќе седум години како главен и одговорен уредник, а во весникот речиси 40 години“, напиша на Фејсбук, Миќиќ Божиновска.

Честитки од еМагазин до нашите драги колеги од „Вечер“ за големиот јубилеј.

Фото: Вечер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 1.511: Најмал број на заболени од корона вирусот од почетокот на епидемијата, регистрирани само петмина

Редакција

Димитров од Атина: Сега е време Европа да го исполни ветувањето за Македонија

Редакција

(Видео) Целиот настап на Ријана на „Супербоул“, на кој откри и дека е бремена по вторпат

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница