еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Еден загинат и 16 повредени, во две сообраќајки на патот Штип-Радовиш

На лице место загинал 42 годишен маж од Кочани во тешката сообраќајна несреќа, која се случи синоќа во 21.30 часот на патот Штип-Радовиш, кај патоказот за село Љуботен.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека во оваа несреќа во која учествувале три возила, од кои две од Кочани и едно од Радовиш, со тешки телесни повреди се здобил и возачот на „опел корса“, а двајцата сопатници од истото возило се со телесни повреди.

Вкупниот биланс на повредени од двете сообраќајни несреќи во Штип изнесува 16 лица, од кои 11 се мигранти.

МИА синоќа информираше и за несреќата која се случи во близина на селото лакавица на истиот регионален пат Штип-Радовиш, во која учествуваа две возила „мерцедес“, а во едното од нив се превезувале мигрантите, додека возачот избегал од местото на несреќата.

На болничко лекување се 12 лица, а останатите четворица се на домашно лекување.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар изгоре две куќи во Арачиново

Редакција

Скопјанка нападната сред бел ден на Кејот „13-ти Ноември“

Редакција

Скопјанец завршил во болница: Проголтал таблети екстази откако го уапсиле

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница