еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Фото) Експлозии во самопрогласениот регион Придњестровје во Молдавија: Ќе се прелеe ли украинската војна

Претседателката на Молдавија, Маја Санду за денеска свика седница на Врховниот совет за безбедност на земјата поради инцидентите во самопрогласениот регион Придњестровје, соопшти нејзиниот кабинет.

Според тамошното МВР, денеска имало две експлозии во селото Мајак, во источниот дел на земјата.

Експлозиите ги онеспособиле двете најсилни антени на радиоцентарот кој емитува руска радио програма, пренесува РИА Новости. Во експлозиите нема повредени.

Врховниот совет за безбедност ќе заседава во Претседателството од 13 часот. По состанокот, во 15 часот, Санду ќе одржи прес-конференција, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе ја нападне ли и Молдавија: Кои се главните четири воени цели на Русија

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лицето кое дополнително беше тестирано, нема корона вирус

Редакција

„Идам да си купам магаре“: Твитер реакции за нефункционирањето на радарскиот систем и излизгувањето на возот кај Куманово

Редакција

„Брако“во 2022: План за нови вработувања и проектиран раст од 35%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница