еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Џентлмените возеа мотори низ Скопје за да ја подигнат свесноста за машкото здравје

Трета година по ред, Скопје беше дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlemans Ride“ чија што цел е да се подигне свеста кај мажите за сопственото здравје и да се соберат финансиски средства за борба против ракот на простатата.

126 урбани моторџии беа облечени во елегантна облека и со уникатни мотори дефилираа низ градските улици. Покрај хуманата димензија на настанот, се промовира и еден урбан начин на облекување кај мажите, а од друга страна се уриваат стереотипите дека моторџиите се неуредни, создаваат бучава и имаат бунтовничко однесување.

Годинава, околу 85 илјади беа дел од светското движење кое се одржа во 95 држави. Собрани се 4.072.787 долари кои ќе бидат наменети за фондацијата „Мовембер“ за истражувања и програми за рак на простатата и останатите машки болести. Од појавувањето на движењето досега собрани се повеќе од 16 милиони долари.

Фото: Дарко Христов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промоција на романот „Абафи“ од унгарскиот писател Миклош Јошика

Редакција

Цементарница УСЈЕ обезбеди спортска опрема за македонските спортисти кои учествуваат на Специјалната Олимпијада

Редакција

Три златни медали и две специјални награди за вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ на „Мундус Вини“ во Германија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница