еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Филипче на Заев му подари слика, бидејќи не кажал „не“ за инвестиции во здравството

Mинистерот за здравство во оставка Венко Филипче му подари слика на премиерот во заминување Зоран Заев, како благодарност за поддршката што ја добивал здравствениот систем во времето кога тој бил премиер.

„Дозволете од името на сите присутни, а верувам и од името на сите здравствени работници да ви врачам еден подарок за долго сеќавање и да се заблагодарам на поддршката која ја дававте на здравствениот систем, на сите здравствени работници.

Да се заблагодарам за тоа што не кажавте „не“ за потребата и барањето за која било инвестиција во здравството и да се заблагодарам за тоа што успеавме со ваша помош и тоа е исклучиво ваша заслуга, здравствените работници од потценети и исмевани, да ги направиме повторно горди и почитувани луѓе во нашето општество,“ рече Филипче врачувајќи му ја сликата на Заев на денешната церемонија во Националната опера и балет, на доделување на благодарници за здравствените работници од Ковид-19 центрите.

Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради корона вирусот во Дебар и Центар Жупа можно воведување карантин

Редакција

Историски успех: Македонските ракометари триумфираа над светскиот првак Данска

Редакција

Смилев: Неспособните од нашата прекрасна држава прават регионална депонија

Силвана Жежова

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница