еМагазин
Image default
Спорт

(Фото) Храбрата Кристина Гутереш ќе биде главниот возач на тимот на Mitsubishi Motors Шпанија на Дакар рели

Храбрата шпанка, Кристина Гутереш ќе биде главниот возач на тимот на Mitsubishi Motors Шпанија, на претстојното Дакар рели, кое ќе се одржи од 6 до 17. јануари, следната година.

За ова рели, специјално е подготвен Mitsubishi Eclipse Cross, познат под името T1 Silhouette Racer.

На 27 годишната Кристина, ова ќе и биде трета натпреварувачка година, а нејзин копилот ќе и биде 26 годишниот Пабло Хуете.

Засега нема детални инфомации за перформансите на возилото, но младата Кристина упати повик за масовна поддршка за нејзин успех на 41-то издание на Дакар рели ( www.facebook.com/pg/cristinagutierreztt).

Таа вели дека Eclipse Cross е најспектакуларниот рели автомобил што досега го возела и навистина привлекува големо внимание.

Инаку, годинешното рели ќе се одржи во Перу, Латинска Америка, каде патеката е во должина од 5.000 км, од кои 70% е под песок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР побарале од МОК документација за изборното Собрание

Редакција

(Фото) Пречек за македонските фудбалери на Блаце: Пандев радосен што на 38 години дочекал Европско првенство

Редакција

Mакедонските атлетичари Ивановски, Стојоски, Трајковски и Поп Арсова со импресивни резултати на европски и балкански натпревари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница