еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Фото) И Зеленски на вечерата на лидерите на Западен Балкан во Атина

И претседателот на Украина, Володимир Зеленски беше на неформалната вечера во Атина, која синоќа ја организираше грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а на која присуствуваа лидерите на Западен Балкан и високи преставници на Европската Унија.

Македонија беше преставена од премиерот Димитар Ковачевски, а на вечерата беа и српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Албин Курти, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел

-Неформалната вечера во Атина беше можност да размениме мислења за натамошниот тек на евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан, што е од стратешка важност за Европската Унија.

Како што стои и во Солунската декларација од пред две децении: „Европа ќе биде навистина обединета само откако сите земји во регионот ќе станат нејзин интегрален дел“.

Дадовме силна поддршка и солидарност до украинскиот народ во нивната борба за враќање на слободата, напиша на Фејсбук Ковачевски.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп со зголемена добивка во првиот квартал

Редакција

Полицаец загина на службена должност

Редакција

Папата Франциско догодина доаѓа во Македонија?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница