„Помош на животните Прилеп“ на својот Фејсбук-профил објави фотографии од куче кое претрпело изживување. Некој во Прилеп го бојадисал кучето и напишал погрдни зборови на неговото тело.
„Еве пресудете сами што шета околу нас и со кого го дишиме воздухот. Која психа треба да го има направено ова и со што залужиле овие невини очи да го истрпат овај психопатски чин. Кучето е изгубено, но е пронајдено истиот ден по неколку часа. Намерно „исфарбано“ и на една од сликите ќе видете и сами што пишува. Кучето и куца кога ќе оди“, пишува меѓудругото под постот со фотографиите.
Фото: Фејсбук/Помош на животните Прилеп