еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

(Фото) Кај 29-годишен Албанец срцето и другите органи се на  спротивната страна

Во болница во Лондон, кај 29-годишен Албанец, кој се пожалил на здравствени проблеми, при преглед е откриено дека неговото срце е на десната страна, а и другите органи биле на спротивна страна.

Според Ора њуз случајот го открил познатиот албански кардиохирург Кристо Папа, кој живее и  работи во Лондон.

– На пациентот кој има 29 години му беше констатирана дестрокардија и инверзии на абдоминалните органи од лево. Ова е редок случај, бидејќи во целиот свет може да има само пет до шест случаи на луѓе кои имаат ваков вид на телесни абнормалности, изјави доктор Папа во онлај врска за телевизијата.

Додава дека тој и колегите во болницата ќе го следат случајот со младиот човек “кој е своевиден феномен за лекарите” и посочува дека е потребна “голема внимателност и умешност при здравствените третмани”.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 79 болни од Ковид-19

Редакција

Агенцијата за катастар нa недвижности на привремени вработувања ќе потроши 6,8 милиони денари

Редакција

Од утре снег на планините

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница