еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Како изгледа кога пациент со корона вирусот е на респиратор: Цевката е во трахеа, заради болки сте под седативи

На социјалните мрежи се споделува фотографија од тоа што значи кога пациент е на респиратор, но и објаснување, како се спроведува. Целта е, да се подигне свесноста на луѓето за носење на маски.

„За почеток, респираторот не е кислородна маска ставена преку устата на пациентот, додека тој лежерно одмара и чита весник на болничкиот кревет.

Респираторната цевка се спроведува под анестезија и останува во вашата трахеа 2 до 3 недели, овозможувајќи ви да дишете во ритамот на белодробната машина.

Нема да бидете во можност да разговарате, да кажете дали ве боли, да јадете или било што друго да правите затоа што вие сте тотално неспособни, а машината живее и дише за вас.

Заради непријатностите и болката која ќе ја чувствувате, здравствените работници во континуитет ќе мораат да ви даваат седативи и лекови против болка, со цел да се осигураат дека вашата плуќа е толерантна на страното тело поставено во неа. Како да сте во вештачка кома.

После 20 дена од поставениот респираторен систем, младите пациенти ќе изгубат 40% од својата мускулна маса, и ќе добијат траума на устата или гласните жици, како и можни белодробни или срцеви компликации.

Како резултат на ова, постарите или изнемоштени лица (баба ти, дедо ти, татко ти, мајка ти) нема да бидат во состојба да ги преживеат овие компликации.

За разлика пак од респираторната машина, маските за уста познати како заштитни маски, се продаваат во секоја аптека, чинат од 25-30 денари, не се интубираат, се носат без анестезија, не предизвикуваат белодробни трауми и ако се носат постојано спасуваат животи.“

Прашањето е, што е полесно, да се носи маска или да се биде на респиратор.

Извор/Фејсбук: Борче Манев Божинов/фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Агроглобал трејд“ го доби тендерот на Агенцијата за стоковни резерви за набавка на пченица вреден милион евра

Редакција

Во мемоарите на Меркел од балканските политичари спомнат само Заев

Редакција

(Вознемирувачко видео) Бројот на загинати од земјотресот во Мароко се искачи на над 2.000

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница