еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Како „светиот оган“ за Велигден пристигна од Ерусалим до Бигорскиот манастир

Благодетниот оган од Ерусалим стигна во Бигорски манастир со чартер авион кој полета во Атина.

Благодарност до МНР, Бигорски манастир, М-НАВ, АЦВ и ТАВ Аеродроми за успешниот лет, соопшти Luxury Aviation & Maritime Services Ltd. Skopje на својот Фејсбук профил.

Според информациите на МИА, најголемиот дел од трошоците за летот ги покрил Горан Трипуноски од Кичево.

Преземањето на светиот оган од Ерусалим се случува секоја година на Велика Сабота и повеќето православни држави, како на пример, Грција, Русија, Украина, Бугарија, Грузија, Романија и други, го прават со владини почести.

Во нашата земја светиот оган прв пат пристигна на Велигден во 2009 година, во организација на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, а тогаш преку пријатели од Грчката Црква беше преземен од Солун.

Фото: Бигорски манастир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Зоран Маневски, заменик министерот за економија

Редакција

Струмичка „Кланица со ладилник„ со добивка во третиот квартал

Редакција

Фудбалската федерација на Македонија треба да го промени името, вели Заев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница