еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Фото) Македонија има само три авиони за гасење на пожари

Државата располага само со три авиони за гасење на пожари, потврдуваат за еМагазин од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Како што велат од таму се преговарало и зборувало за набавки на нови, но засега нема ништо конкретно по тоа прашање.

Во извештајот на дирекцијата за минатата година, стои дека се работи за воздухоплови за гасење пожари од типот Air Tractor Fire Boss, кои го поминале техничкиот преглед и се оперативни за работа

Во овој дел во Дирекцијата лани се вработени еден раководител, четири нови пилоти и двајца авио-механичари.

“Во однос на персоналниот менаџмент, во ДЗС и подрачните одделенија низ Републиката, примени се 31 вработен на определено и 13 вработени на неопределено време, со што се надминува долгогодишниот недостиг од соодветен кадар“, стои во извештајот на ДЗС за 2018 година.

Последниве неколку недели земјава е зафатена со бројни пожари, што е нетипично за овој дел од годината, а за нивното гаснење беа ангажирани и авионите на ДЗС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Авионите на ДЗС гасеа пожари во Орашец, Рамно и Ново Село, исфрлени 30 тони вода

Пожари секој ден: Кој тоа си ја пали сопствената држава и сака да предизвика криза?

Фото: ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Новиот BMW Серија 2 Active Tourer пристигна во Македонија, подготвен за патувањето наречено живот

Редакција

Само едно лице донирало пари за изборната кампања на Стево Пендаровски

Редакција

Башким Бесими нов заменик претседател на Советот на јавни обвинители, на местото на Иџет Мемети

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница