еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

(Фото) Македонски накит од бисер и филигран на саемот „Винска Визија на Отворен Балкан“

Во Белград вчера беше отворен првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, под покровителство на Македонија, Србија и Албанија.

Македонија на Саемот се преставува со вкупно 42 винарии и три дестилерии кои пред посетителите ќе презентираат повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии, и со десет производители на храна кои ќе се презентираат автентичните вкусови на македонската кујна.

Саемот покрај промоцијата на храна и вино, е можност за промоција и на националните богатства и туристички дестинации на Македонија преставени преку посебен штанд на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, каде посетителите имаат можност да видат и дел од македонскиот традиционално изработен накит од бисер и филигран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) И Ѓоковиќ на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“, со Ковачевски збореле за македонското вино

(Галерија) Како изгледа штадот на Македонија: Во Белград отворен саемот „Винска Визија на Отворен Балкан“

Фото: Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Редакција

Денеска ќе биде промовирана „Солуција“ на Димитров

Редакција

Србија од утре ќе забрани извоз на пченица, пченка, брашно и нафта

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница