еМагазин
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Македонскиот јазик и култура роди љубов помеѓу Турчинка и Полјак

Вљубеноста во македонскиот јазик и македонската култура, Сила Екин од Турција и Миколај Зараѓи од Полска, од две различни страни на Европа ги доведе лани крај брегот на Охридското Езеро, на 55. Летна школа на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Кирил и Методиј“ (УКИМ), на која учествуваа и уште шеесетина други семинаристи од различни страни на светот.

-Но, тие двајца почувствуваа и сфатија дека за нив, македонскиот јазик е јазикот на љубовта. И тука, крај Охридското Езеро, на македонски јазик, еден на друг си рекоа: Те сакам!

Пет месеци потоа, дури траеше Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ, еден на друг си ветија вечност на нивната љубов, споделија од МСМЈЛК при УКИМ на нивната Фејсбук страна.

Од таму им посакуваат на Сила и Миколај, љубовта еден кон друг и среќата во заедничкиот живот, секојдневно да им се распламтуваат.

-А заедно со нив и вашата заедничка љубов кон македонскиот јазик и македонската култура заради која тука, во срцето на Балканот ви се вкрстија патиштата и вашите срца започнаа забрзано да чукаат – срцето на Сила за Миколај, а срцето на Миколај за Сила, во ритамот на македонскиот 7/8 такт.

Ве очекуваме, повторно, но овојпат заедно да дојдете крај брегот на Охридското Езеро, онаму каде што првпат си подадовте рака и зачекоривте заедно по патот.

Вашата приказна е (и) убава македонска приказна. Раскажувајте ја (и) на македонски јазик, пишуваат од МСМЈЛК при УКИМ.

Фото: МСМЈЛК при УКИМ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 321 оздравени од Ковид-19

Редакција

Нашиот став е дека спорот со Бугарија е билатерален: Османи за последната средба со Генчовска

Редакција

Цената на горивата ќе се зголеми за околу 10 денари, ако Владата не ја продолжи антикризната мерка за намалување на стапката на ДДВ од 18 на 10% при промет на енергенси

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница